Андријана Папиќ Манчева

Задоволството од преведувањето и ден-денес ѝ потврдува дека воопшто не направила грешка што се запишала на Катедрата за превод и толкување на Филолошкиот факултет.

Во меѓувреме, од прва рака сфаќа дека ја понесуваат иницијативи кои ги живнуваат културниот дух на градот и волјата на поединецот. Креативните напори за колективно добро ја исполнуваат со полет - па веќе десетта година е дел од Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ – а веќе неколку години будна ја држи и поривот за спасување на животната средина од сеприсутниот отпад. Откако ќе ја преведе книгата „Дом со нула отпад“ на Беа Џонсон на македонски, решава да тргне од нула и да се обиде да го намали сопствениот еко-отпечаток. Така се случува „Од нула до нула“. Од 2017 година работи во ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување како координаторка за комуникации.