Апстракти

Инфо:

Секој од учесниците (или во тим од двајца) во практичниот дел на првата обука изработија студија на случај во соодветен објект каде требаше да се запознаат со организациската единица, да соберат и анализираат податоци поврзани со енергетските и материјалните биланси на организациската единица, да препознаат потенцијални мерки за одржлив развој и на организациската единица да и достават препораки за соодветните мерки кои може да бидат имплементирани. Ви споделуваме дел од подготвените апстракти.

Стратешка оценка ( Стратегија) на одржлив развој применета во Зоолошка градина - Скопје
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Тамара Стоименовска и Марио Стојкоски

Целта на оваа студија на случај е да се утврди како отпадот, поточно пластичниот отпад влијае на имиџот на животната средина и животните во Зоолошката градина во Скопје. Анализата е спроведена за време на викенд кога во Градината се очекуваат најмногу посетители. Анализата на ситуацијата открива некои трагични последици од ѓубрење во зоолошката градина. Станува јасно дека едуцирањето на јавноста е неопходно да се обезбеди знаење на таков начин што ќе инспирир дух на грижа и вреднување на животната средина и на животните.

Стратешка оценка ( Стратегија) на одржлив развој применета во ЗОО Скопје
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Ива Николова и Елена Кочовска

Решавајќи го проблемот со климатските промени и загубата на биодиверзитетот, имплементација на мерки за одржлив развој се неизбежни и од суштинско значење. Зоолошките градини кои се посветени на зачувувањето на животната средина треба да се вклучат и да ја подигнат својата одржлива одговорност и истовремено преку едукација и охрабрување да бидат пример за своите посетители. Во овој извештај посебно внимание ќе биде дадено решавање на проблемот со големата потрушувачка на електрична енергија и вода во Зоо Скопје, како и давање на предлог мерки кои ќе доведат до енергетско ефикасна и одржлива зоолошка градина.

Стратешка оценка (Стратегија) на одржлив развој применета во ЗОО Скопје
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Славица Сиљанова и Горан Балески

Зоолошката градина е место каде што се чуваат животни во затворен простор во кој тие се одгледуваат и се прикажуваат на посетителите, со што се спроведува едукација и забава притоа и заштита на загрозени видови животни. Во овој извештај за студија на случај на Зоолошката градина- Скопје, се идентификуваат изворите на органски отпад и за истите се предложени мерки – решенија за справување од аспект на концептот за одржлив развој.

Стратешка оценка (Стратегија) на одржлив развој дом за стари лица „Идила Терзиева“
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Филип Давчевски и Наталија Тасевска

Студијата на случај се однесува на домот за стари лица „Идила Терзиева“ . Во студијата на случај е опфатена анализа за моменталната состојба на домот којашто вклучува приходи и расходи и моментални активности кои го одредуваат сегашното место на домот во цинџирот на одржлив развој. Студијата исто така содржи релевантни индикатори коишто се мерка за тоа до каде е стигнат домот со имплементацијата на стратегијата за одржлив развој. На крајот се дадени предлог мерки, препораки и активности за подобрување на концептот на одржлив развој со детална финансиска анализа за нивно имплементирање, како и со анализа на импактот којшто тие би го имале врз животната средина и општеството.

Стратешка оценка (Стратегија) на одржлив развој примената во Општина Карпош на проектот „CoolHeating“
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: М-р Јана Ангеловска, инж. за животна средина и Љубица Ковачева, дипломиран инж. технолог

Одржливиот развој ги опфаќа трите елементи: eкономски, социјален и еколошки. ОДР цели кон намалување на влијанијата врз сите елементи истовремено. Проектот „Coolheating“, за изградба на систем за централно греење и ладење ја потврдува заложбата на Општина Карпош во насока на одржлив развој и искористување на обновливи извори на енергија. Во оваа стратешка оцена искористени се алатка и техники како SWOT анализа и индикатори кои даваат слика за степенот на примена на концептот на ОДР.

Стратешка оценка (Стратегија) на одржлив развој примената во градинка Раде Јовчевски Корчагин; Објект „Пепелашка“- Центар
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Ивана Маркоска и Алберт Бериша

Стручно- научните согледувања укажуваат на тоа дека првите пет години од животот на човекот се фундамент на воспитанието и образованието на секоја индивидуа. Во овој свет полн со предизвици и неизвесности, секој човек треба да биде опремен со најдобри знаења, аксиолошки подготвен и етички играден на најдобар можен начин уште на самиот старт од животот. Терминот ефикасна и ефективна градина можеме да го користиме како синоним за успешна градинска. Во овој извештај опфатено е: детална стратешка анализа на одржливиот развој на ентитетот, предлагање мерки кои ќе водат кон реализација на концептот на одржлив развој, како и имплементација на стратегија за одржлив развој и континурирано подобрување итн.

Стратешка оценка ( Стратегија) на одржлив развој примената во Титан Цементарница Усје
Ментори: Проф.д-р Анита Грозданов и Вон.проф. д-р Ана Лазаревска
Изработиле: Моника Илкова и Маја Сиљаноска

Во 2017 година, компанијата продолжи со заложба за одговорен и одржлив развој во свет на растечки еколошки, социјални предизвици и брзи технолошки промени, давајќи им приоритет на потребите на партнерите и засегнати страни. Во студијата се опфатени основни информации за ентитетот, првичен скрининг од аспект на одржлив развој, преглед на податоци околу технолошкиот/производниот процес, како и имплементација на стратегијата за одржлив развој и континуирано подобрување.