Истражување

Фокус на истражувачки активности:

  • Истражување и анализа на значајни проблеми, предизвици и феномени од областа на екологијата генерално, со акцент на одржлив развој и транспорт;
  • Јавна промоција на мислења и препораки кои се формулираат врз база на резултатите од истражувањата;
  • Влијание на креирањето политики врз база на добиените резултати;
  • Подигнување на свеста на граѓаните;
  • Подобрување, менување, иновирање на актуелната состојба.

Преку:

  • Испитување на ставови и мислења на засегнатите страни во развоот и унапрдувањето на животната средина
  • Разоткривање на дел од нефункционалноста која владее помеѓу државни институции, приватни субјекти и индивидуи,
  • Програма против аерозагадувањето во Скопје преку следни еко приказни: Одржлив развој-еднаквa иднина за сите; Попис и институционализација на градското зеленило; Повеќе велосипеди, почист воздух; Tројното р-Рециклирање, реуптреба, редуцирање;
  • Систематизација на проблемот со уништување на парк шумата Водно;
  • Гап анализи за навики за корисници- храна (навики за конзумација на храна и готвење, како и познавање на ГМО); домаќинство (познавање и користење на обновливи енергетски извори) транспорт- движење низ градот; животна средина (рециклирање, реупотреба, редуцирање).

Искуство во истражувачката област:

  • Истражувања за навики кај млади луѓе;
  • Истражувања за патна инфраструктура и безбедност околу училишни зони со акцент на одржлив транспорт;
  • Истражување на добри практики и можности за нивно имплементирање

Граѓаните имаат право да бидат што подобро информирани за состојбите што директно и индиректно влијаат врз нивното здравје, нивната лична безбедност, безбедноста на нивниот имот, квалитетот на воздухот, водата и почвата, потоа за факторите што доведуваат до подобрување или влошување на овие состојби, како и за одговорностите на различни институции за регулирање на тие фактори.