Модуларни обуки

Опис на обуката

Еко Логик како верифициран провајдер на обуката “Аналитичар на одржлив развој” исто така нуди и парцијални (модуларни) обуки за следните модули од програмата:

Модул: Вовед во одржлив развој
Модулот опфаќа основни дефиниции, поими и принципи поврзани со одржливиот развој, историски преглед на концептот, милениумските развојни цели и целите на одржлив развој, како и клучните меѓународни и национални чинители релевантни за одржливиот развој.
Слушателот на обуката преку модулот Вовед во одржлив развој ќе се запознае со дефиницијата, концептот и значењето на одржливиот развој, целите за одржлив развој усвоени од страна на Обединетите Нации, вклучените релевантни национални и интернационални засегнати страни, како и со основните столбовите на одржливиот развој: општеството, економијата и животната средина со цел да може успешно да ги применува основните принципи на одржливиот развој и да ги идентификува главните засегнати страни поврзани со одржливиот развој на национално и интернационално ниво.

Модул: Глобални економски и светски трендови
Модулот се фокусира на осознавање на поимите за глобални економски трендови, како и преглед на потребата за препознавање, следење и анализа на глобалните и регионалните трендови. Во овој модул се претставени и методи за идентификација на трендови и квалитативни и квантитативни методи за научно предвидување на трендовите за одржлив развој.
Слушателот на обуката преку модулот Глобални економски и светски трендови ќе се запознае со практиките на напредните земји за постигнување на целите за одржлив развој, процесот на индентификација и екстраполација на трендови и со расположливите квалитативни и квантитативни методи за научно предвидување на одржливиот развој со цел да може успешно да ги анализира глобалните економски трендови и да може да применува соодветни методи за предвидување на идните трендови.

Модул: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво
Во модулот се дадени насоки за развој на стратегија на одржлив развој на марко и микро ниво вклучувајќи ги клучните елементи и поими за формирање на стратешки документи и основната рамка врз основа на која треба да се креираат овие документи. Во овој модул накратко се опфатени и Националната стратегија за одржлив развој на Р. Македонија, Стратегијата за одржлив развој на Европската Унија и дополнително стратегиите за одржлив развој на неколку водечки светски држави, со цел учесниците да се запознаат со националната и меѓународната легислатива за одржлив развој.
Слушателот на обуката преку модулот Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво ќе се запознае со елементите и основната рамка на стратегија за одржлив развој, Националната стратегија на Р. Македонија, стратегијата на Европската Унија и на некои водечки држави во светот со цел да може успешно да ги препознае клучните имплементатори на стратегиите за одржлив развој, да анализира стратегија за конкретен ентитет и да дава критички осврт на содржина на определена стратегија.

Модул: Еколошка политика
Во Модулот главниот фокус е ставен на поимот, компонентите и постоечките политики за заштита на животната средина и нивната поврзаност и содејство со политиките за почисто производство, енергетските политики, политиките на Европската Унија во овие насоки и генерално политиките за одржлив развој.
Слушателот на обуката преку модулот Еколошка политика ќе се запознае со основната рамка на политиките за заштита на животната средина, почисто производство, енергетика, како и политиките на Европската Унија во областа на животната средина и енергетиката со цел да може успешно да анализира корелации помеѓу различни видови на политики.

Модул: Еко иновации за одржлив развој
Модулот се фокусира на технолошките иновации поврзани со одржливиот развој вклучувајќи информациски, производни и енергетски технологии, како и технологии за нови материјали и нано-технологии, клучните индустриски гранки во кои има најголем раст на иновации, во насока на препознавање на придобивките од воведувањето на еко – иновациите.
Слушателот на обуката преку модулот Еко иновации за одржлив развој ќе се запознае со технологиите и технолошките иновации за одржлив развој со цел да може успешно да ги препознае придобивките од воведувањето на еко – иновациите и да ги анализира можностите за примена на еко – иновација кај одреден производ.

Модул: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој
Во Модулот образложена е потребата за примена на индикатори за следење и мерливост на процесот на имплементација на концептот на одржлив развој, проследена со поим, дефиниција и основни карактеристики на индикаторите и насоки за формулирање на индикатори од економски и оштесвен аспект и од аспект на животната средина. Тука воедно се претставени и веќепостоечки индикатори согласно милениумските развојни цели, индикатори за технолошки развој и еко – индикатори како и индикатори во согласност со Меѓународниот институт за одржлив развој.
Слушателот на обуката преку модулот Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој ќе се запознае со различни типови на индикатори за следење на работните процеси вклучувајќи индикатори за одржлив развој од економски, општествен и аспект на животна средина, индикатори за технолошки развој и еко – индиикатори со цел да може успешно да идентификува и пресметува индикатори за одржлив развој за одреден ентитет.

Модул: Поефикасно во однос на ресурсите и почисто производство
Во модулот целосно е опфатен концептот на почисто производство вклучувајќи ги основите на самиот концепт, историскиот развој, методологијата и соодветните индикатори со кои би се следела имплементацијата на концептот. Учесниците преку овој модул ќе имаат можност да ги осознаат поимите за поефикасно во однос на ресурсите и почисто производство (Resource Efficient and Cleaner Production) и да се запознаат со процесот на анализа на материјални и енергетски текови и биланси.
Слушателот на обуката преку модулот Поефикасно во однос на ресурсите и почисто производство ќе се запознае со концептот, методологијата и индикаторите за поефикасно во однос на ресурсите и почисто производство со цел да може успешно да ги применува методологијата и индикаторите во одреден ентитет и да предложува соодветни мерки.

Модул: Еко – дизајн
Во Модулот се опфатени потребата и придобивките од примената на еко – дизајнот и еко – реинженерингот, основните принципи и фази на развој, употребата на потенцијални материјали со еко – карактеристики со цел запознавање на учесниците со поимите за еко – дизајн, идентификување на потребните еко - податоци и нивните извори и пресметка на еко -својствата на конкретни производи.
Слушателот на обуката преку модулот Еко – дизајн ќе се запознае со основните принципи и фази на еко – дизајнот, еко – својствата на материјалите и еко – моделингот со цел успешна примена на материјали и технологии што се попријателски наклонети кон животната средина.

Модул: Методологии за одржлив развој
Во Модулот е даден детален преглед на концептот на одржлив развој кој опфаќа идентификација на организациската единица врз основа на која се прави оценка на влијание врз одржлив развој, препознавање на конкретните индикатори релевантни за организациската единица, методи за мерење и оценување на состојбите во конкретната организациска единица и методи за анализа на добиените резултати.
Слушателот на обуката преку модулот Методологии за одржлив развој ќе се запознае со различни методологии за одржлив развој со цел да може успешно да применува конкретни индикатори релевантни за одреден ентитет, да идентификува соодветни методологии за одржлив развој за одреден ентитет и да применува методологии за оценка, евалуација и носење на одлуки поврзани со одржливиот развој на одереден ентитет.

Модул: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој
Во Модулот се опфатени најчесто применуваните алатки за организација и реализација на одржливиот развој каде се вклучени повеќекритериумската анализа, повеќекритериумското донесување на одлуки, алатки за оценка и анализа на операции, како и алатки за анализа на посебните фази од организација и реализација на одржливиот развој.
Слушателот на обуката преку модулот Алатки за организација и реализација на одржливиот развој ќе се запознае со различни алатки за организација и реализација на одржливиот развој со цел да може да комбинира и применува алатки за оцена и анализа на операции и практично да применува алатки за организација и реализација на одржливиот развој.

Модул: Одржливост во домови
Во Модулот во однос на одржливоста на домовите фокусот е ставен на препознавање на клучните потрошувачи на енергија во домаќинствата, анализа на потрошувачката на материјални ресурси и вода и препознавање на мерките за остварување на заштеди и остварување на одржливо управување со отпадот.
Слушателот на обуката преку модулот Одржливост во домови ќе може да препознава потрошувачи во домовите, да проценува потрошувачка на енергија, да проценува потрошувачка на материјални ресусри, да проценува потрошувачка на вода, да анализира процес на еколошко одлагање на отпадни материи, да проценува управување со отпад во домовите и да предлага мерки соодветни за намалување на потрошувачката во домаќинствата.