Не лути се еко - човече

Еко не лути се човече

Сигурно постојат мал број луѓе кои во детството не ја играле играта „Не лути се човече“. И покрај многубројните игри и модерни технологии, оваа стара игра сeуште не престанува да биде актуелна за сите генерации.

Здружението на граѓани Еко Логик, ја адаптираше оваа игра во нова модерна верзија, уште позабавна, но истовремено и едукативна. Имено, оваа игра има за цел запознавање на учесниците со основите на одржлив развој, основни еколошки практики и политики итн. Играта е базирана на квиз прашања и читање еко факти. Во играта учествуваат 16 играчи, поделени во 4 тимови од по 4 играчи кои се пиунчињата/човечињата во самата игра и еден модератор, кој ја води играта. Тимскиот дух особено се развива бидејќи секој тим (по желба) си избира капитен кој ја координира групата.

Во текот на играта, младите играчи им помагаат на постарите. Доколку некои од постарите лица имаат потреба, во текот на играта можат да седат на столче, а младите играчи да им го придвижуваат столчето по полињата. Или пак, во количка, која, исто така, ќе ја буткаат младите играчи во тимот. На крајот, победува оној тим кој прв ќе успее да ги внесе сите играчи во тимот на полињата од својата куќичка означена со неговата боја.

Галерија