Никола Нешкоски

Тргнувајќи од премисата овозможување на здрава животна средина за здрави генерации и потикнување на позитивни општествени промени, во 2011 година станува ко-основач на Здружение на граѓани Еко Логик. Се вклучува во креирање на иновативни неформални наставни програми на тема: животна средина, транспорт, безбедност и здравје, одржливост итн. Остварува комуникација, соработка и реализира континуирани активности со повеќе од 130 основни училишта низ целата земја, со повеќе од 10 основни училишта низ цела Европа, и над 30 средни училишта низ државата. Никола, исто така беше еден од иницијаторите за основање на социјалното претпријатие “Жабец“ и постави програма за социјално претприемништо за млади, мотивирајќи и потенцирајќи деловни идеи кои придонесуваат кон одржлив развој на заедницата. Активно е вклучен во подготовка, но и како едукатор на кампови за одржливост, тренинг курсеви, работилници на кој ги пренесува своето знаење, експертиза и визија на теми и области поврзани со животна средина и одржлив развој. Исто така, Никола е иницијатор за поставување и верифицирање на првата посебна образовна програма за возрасни „Аналитичар за одржлив развој“ која за прв пат се формира во Македонија.

Долгогодишно искуство како проектен менаџер и координатор на голем број национални и инетранционални проекти на следните области: Климатски промени, намалување на аерозагадување, заштита на водниот и животнискиот свет, енергетска ефикасност и производство, управување со отпад, одржлив развој, развивање на европски вредности итн. каде се вклучени ученици од основни и средни училишта, млади и возрасни.

Дополнително, како дипломиран инжинер за животна средина, области на професионален интерес, клучни квалификации се следниве: Менаџмент на животна средина (градска и рурална средина); Обновливи енергии; Мониторинг на животна средина (градска и рурална средина; флора и фауна); Mенаџмент и заштита на водните системи; Биодиверзитет и негова заштита; Био индикатори; Зелени бизниси; Национална и Интернационална легислатива за животна средина/ екологија; Просторно планирање итн.