Обуки

Реализирани обуки- прва фаза

По интезивната обука со времетраење од 300 часа (повеќе од четири месеци) теорија , пракса и обука на работно место на 10 мај, дојдовме до финалниот дел, односно полагање и проверка на знаењето за стекнатите вештини и компетенции за Aналитичар за одржлив развој. Честитки за сите учесници кои низ овие месеци беа желни да научат повеќе за оваа нова зелена професија, базирана на истоимената верифицирана образовна програма, која беше спроведена во периодот од декември 2018 до март 2019 година. Во обуката учествуваа 20 млади невработени лица кои се стекнаа со потребните професионални знаења, вештини и компетенции за анализа, планирање и реализирање на принципите за одржлив развој во соодветна организациска единица.

Горди сме на првата генерација и во иднина им посакуваме среќа во работата.

Но подетално, со што се стекнаа првите аналитичари за одржлив развој?

  • Основните столбови на одржливиот развој: општеството, економијата и животната средина со цел да можат успешно да ги применуваат основните принципи на одржливиот развој и да ги идентификуваат главните засегнати страни поврзани со одржливиот развој на национално и интернационално ниво;
  • Изработка на студија на случај преку која практично се запознаа со начинот на собирање и обработка на податоци поврзани со енергетски и материјални биланси, нивна анализа и оценка на моменталната состојба во конкретната организациска единица;
  • Изработка на студија на случај за конкретна организациска единица каде преку претходно собраните податоци и оценка на моменталната состојба идентификуваа и применуваа соодветни методологии и алатки за анализа на одржливиот развој и препорачаа примена на соодветни мерки;
  • Препознавање на потрошувачи во домовите, проценка на потрошувачка на енергија, материјални ресурси, потрошувачка на вода; анализирање процес на еколошко одлагање на отпадни материи, проценка на управување со отпад во домовите и предлагање соодветни мерки за намалување на потрошувачката во домаќинствата;
  • Запознавање со основните принципи и фази на еко дизајнот, еко својствата на материјалите и еко моделингот со цел успешна примена на материјали и технологии што се попријателски наклонети кон животната средина;
  • Запознавање со различни типови на индикатори за следење на работните процеси вклучувајќи индикатори за одржлив развој од економски, општествен и аспект на животна средина, индикатори за технолошки развој и еко – индиикатори со цел да може успешно да идентификува и пресметува индикатори за одржлив развој за одреден ентитет;
  • Запознавање со технологиите и технолошките иновации за одржлив развој со цел да може успешно да ги препознае придобивките од воведувањето на еко иновациите и да ги анализира можностите за примена на еко – иновација кај одреден производ;
  • Запознавање со основната рамка на политиките за заштита на животната средина, почисто производство, енергетика, како и политиките на Европската Унија во областа на животната средина и енергетиката со цел да може успешно да анализира корелации помеѓу различни видови на политики;
  • Запознавање со елементите и основната рамка на стратегија за одржлив развој, Националната стратегија на Р. Македонија, стратегијата на Европската Унија и на некои водечки држави во светот со цел да може успешно да ги препознае клучните имплементатори на стратегиите за одржлив развој, да анализира стратегија за конкретен ентитет и да дава критички осврт на содржина на определена стратегија.