Работилница: Аналитичар на одржлив развој

На 07.03.2019 година се одржа работилница со крајни корисници, односно слушателите на обуката Аналитичар на одржлив развој.

Целта на работилницата беше развивање, подобрување, унапредување на знаењата, вештините и подобра комуникација, поддршка во процесот по завршување на проектот. Во рамките на работилницата беше применета алатка за дискусија чија главна цел е стимулирање на дискусија во насока на постигнување на конкретна цел преку идентификување на предизвиците и придобивките поврзани со таа цел во насока на примена на сеопфатен пристап во процесот на дискусија.

За време на работилниццата беа дискутирани следните теми:

  • Oдржлив транспорт
  • Професија Аналитичар на одржлив развој
  • Справување со комунален отпад (училиште)
  • План за одржливост на образовна институција