Студиска посета - Австрија

Проектниот тим во периодот од 02-05 Мај 2018 година, оствари студиска посета во Грац и Трофајак, Австрија. Состаноците одржани во рамките на студиската посета беа на тема одржливост во работењето и на нив беа тестирани алатки за одржливост со цел да се провери интересот за примена на ваков тип на алатки во едукативниот процес. Проектниот тим во рамките на оваа посета оствари средба со неколку консултанти и едукатори, претставници на организациите UniT - Австрија, Mhtconsult - Данска, VNB - Германија, Verein InterAction и Talente Entwicklung - Австрија.