Студиска посета - Словенија

Проектниот тим во периодот од 27-29 јуни 2018 година оствари студиска посета во Словенија. За време на студиската посета за споделување на позитивни практики и искуства, посетивме вкупно 6 невладини организации од Словенија. Се посветивме на дискутирање и тестирање на едукативни и иновативни методологии за учење. За потребите на тестирањето тимот на Еко Логик ја презентираше својата авторска алатка "Values Toolbox", креирана како дел од интернационалниот проект Val-EU. Време на посетата беа промовирани најдобрите словенски практики во областа на енергетската ефикасност, одржливиот транспорт и енергетскиот менаџмент, како и инклузија на млади луѓе согласно потребите на пазарот на трудот.

Направивме размена на знаења и искуства и развивме плодна дискусија за нови, заеднички активности во блиска иднина.