Студиски посети

Слушателите на обуката Аналитичар на одржлив развој имаа можност одблиску да го увидат процесот на работа на Везе Шари, Тетово и ТИТАН Циментарница, Усје.

За време на посетата во Везе Шари, Тетово се запознаа со процесот на производство на јајца и сувомеснати производи и ја посетија био гас централата за производство на електрична енергија примарно од кокошкино ѓубриво.

Во ТИТАН Циментарница, Усје се запознаа со процесот на производство на цемент и работните процеси поврзани со заштитата на животната средина како дел од корпоративната општествена одговорност на компанијата.