Тим билдинг

Зошто е важен тим билдингот?

Тим билдинг е една од најшироко користените активности за развој на групите во организациите. Вработените се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности како што е тим билдинг. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби. Тие се одличен начин за подобрување на комуникацијата, моралот, мотивацијата, продуктивноста, креативноста и помагањето на вработените подобро да се запознаат. Тим билдинг програмите директно влијаат врз квалитетот на работата преку подобрување на лојалноста и ангажираноста на вработените.

Каков резултат се постигнува преку тим билдинзите организирани од наша страна?

  • Подобрување на лојалноста и ангажираноста на вработените;
  • Овозможување на подобар квалитет на работниот процес;
  • Наоѓање на решенија за тимски проблеми, односно подобрување на посточки производ, решение или услуга;
  • Развивање на креативно размислување;
  • Усогласување околу цели

На кој начин?

  • Учење од искуство и активности во природата низ различни вежби и вештини
  • Поставување вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.)
  • Организирање забавни и едукативни игри (дел од нив креирани од Здружение на граѓани Еко Логик)-интеракција помеѓу повеќе играчи при што се охрабрува тимска работа, и исто така се овозможува околина во која можат да се подобруваат способностите и вештините на играчите како меморија, рефлекс, логика итн.
  • Имплементирање на D- learning методологија - откривање и разбирање на вистинските потреби, проблеми и граници, со цел да се развиваат креативни решенија. Процесот вклучува методи кои поттикнуваат емпатија за луѓето.

Примена:

Тим билдинг е еден од темелите на организацискиот развој и нашите понудени начини може да се применат на групи како што се бизнис компании, телекомуникациски компании, спортски тимови и итн.