Аналитичар на одржлив развој

Игра - аналитичар за одржлив развој

Во време на сериозни, глобални предизвици поврзани со животната средина, преку играта аналитичар за одржлив развој повикани сте да направите напори да ја подобрите ситуацијата во разни ентитети / организациски единици кои се соочуваат со разни предизвици во насока на подобрување и унапредување на животната средина – како резултат од нивните секојдневни активности.

Ваша улога: аналитичари за одржлив развој, дел од консултантски куќи кои работат во полето на заштита и унапредување на животната средина.

Имате задача да изберете и предложите листа на мерки и активноти со кои ќе го намалите или целосно отстраните штетното влијание од секојдневните активности на ентитетите со кои ќе соработувате. Но, внимавајте: при реализација на вашата мисија треба да имате во предвид дека за да се придржувате кон концептот на одржлив развој ќе треба да се фокусирате на три важни аспекти: животна средина, економски, и општествен развој.

Картичките за мисии се поделени во три нивоа на сложеност (лесна, средна и тешка мисија). Секоја мисија содржи мерки и активности кои директно влијаат на одржливиот развој, делумно влијаат или воопшто не влијаат. Мерките и активностите кои играчите ги влечат имаат различно ниво на сложеност и соодветно на ова - различно ќе бидат бодувани. Играчот сам одлучува кои мерки и активности ќе избере да ги собере низ самата игра. Бодувањето на собраните мерки и активности зависи од категоријата на мисијата и од тоа кои мерки и активности се избрани да се соберат во текот на играта.

Платформата е составена од пет различни ресурси:

  • Електрична енергија - 4 полиња;
  • Топлинска енергија - 4 полиња;
  • Вода – 4 полиња;
  • Отпад – 4 полиња;
  • Луѓе – 3 полиња;