Андријана Зафировска

Младински работник кој што активно се вклучува во имплементирање на проекти во насока на запознавање и едукација за целите за одржлив развој со пошироки таргет групи. Во своето работење, спроведува истражувања, креира дидактички материјали и едукативни игри на тема животна средина и одржлив развој.

Нејзината вклученост во десиминација во Европски проекти, како и искуство во работење во ТВ медиум, овозможува: организирање на кампањи и поставување информации на социјални медиуми , креирање на видеа, медиумско вмрежување се со цел доближување на темата одржлив развој до пошироката јавност. Како дипломиран економист, на департман менаџмент, Андријана се ангажира и во насока на водење и документирање на финансиски документи, организација на обуки, состаноци и настани, создавање на нови партнерства и креирање на иновативни проекти.