Студиска посета на Советот на Европа

Проектниот тим во периодот од 19-23 Септември 2018 година, беше во посета на Советот на Европа, во Стразбур, Франција. Целта беше да се дознае повеќе за работата на истиот и стекнатото знаење да се преточи во активностите на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“.

За време на студиската посета проектниот тим присуствуваше на серија на презентации организирани од страна на претставници на Советот на Европа, каде беа дискутирани основните европски вредности, работата која советот ја прави во полето на образованието, како и презентација за генералното функционирање на истиот.

Прекрасно искуство!