Студиска посета- Фондација Институт за Иновации од Варшава, Полска

На студиската посета во периодот од 3-ти до 5-ти април 2019 година, наш домаќин беше Фондацијата Институт за Иновации од Варшава, Полска.

За време на студиската посета беа разменети добрите практики од областа на промовирање на современи технологии, стимулирање на социјалниот развој и градење на меѓународна соработка во корист на економскиот и научниот развој. Фондацијата ги сподели добрите практики и проекти кои ги реализирале и имаат исклучително значење за развој на бизнисите, проекти насочени кон заштита на животната средина, неформално образование на деца и млади, неформално образование на стари лица, обуки за невработени, студија за ООП и проценка на социјални влијанија во областа на енергетиката.

Преставниците од проектниот тим на Хуманост и Еко Логик исто така ги споделија сите реализирани проекти како и имплемeнтацијата на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“ потикнување на вработувањето преку развивањето на посебни образовни програми кои водат кон вработување на младите но и припрадниците на маргинализираните групи.

Проектниот тим и Фондацијата во иднина ќе остварат стратешко партнерство и соработка во делот на одржливиот развој во двете земји.